Почетна » Новости » Мода » Првата фотографија од Анџелина Џоли за кампањата на Луј Витон

Првата фотографија од Анџелина Џоли за кампањата на Луј Витон

По неколку месеци шпекулирања за соработката на Анџелина Џоли и брендот Луј Витон, се појави и првиот доказ – прекрасна фотографија од Енџи сликана во далечната Камбоџа.

Анџелина Џоли во Камбоџа

Драматичната фотографија ја покажува босоногата Џоли како замислено гледа во далечината додека седи на дрвен брод. Облечена во своја облека и со чанта од Луј Витон која ја поседува веќе 6 години, Анџелина изгледа прекрасно на фотографијата којашто е дело на познатата Ени Лебовиц.

„Луѓето не се навикнати да ја гледаат Анџелина во ваква ситуација. Ми се допаѓа што тоа е вистински момент“ – изјавил Пјетро Бекари, заменик-директор на Луј Витон. Тој одбил да каже колкава е заработката на Џоли од оваа кампања, но објавил дека 36-годишната актерка донирала дел од парите за добротворни цели.

Длабоката слика ја покажува силната врска на Анџелина со Камбоџа, државата која го „украде“ срцето на убавата актерка уште во 2000 година за време на снимањето на првиот филм Tomb Raider. Подоцна Џоли го посвои Медокс од Камбоџа и заедно со Бред Пит ја основаа Фондацијата Медокс Џоли-Пит за потпомагање на развивањето на оваа држава. За време на фотосесијата заедно со Џоли биле и 4 нејзини деца.

„Оваа кампања е за една многу специјална личност и за многу специјално патување“ – дополнил Бекари.

Фотографијата е дел од кампањата наречена „Core Values“. Сите фотографии се направени од Ени Лебовиц во ситуации кои кажуваат многу за лицето што учествува во кампањата. Така, Боно и неговата сопруга беа сликани во Африка каде што двајцата долго време водат кампања против сиромаштијата, Михаел Горбачов е сликан на задното седиште на автомобил додека поминува покрај Берлинскиот ѕид, а Кит Ричардс од Rolling Stones е сликан во хотелска соба со футрола за гитара од Луј Витон.

Боно и Али за Луј ВитонБоно и Али за Луј Витон Михаел Горбачов за Луј ВитонМихаел Горбачов за Луј Витон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.