Емотивниот говор на Адел на Греми допре длабоко до срцето на Бијонсе. Откако ја прими наградата Албум на годината за „25“, Адел ѝ упати многу пофални зборови на Бијонсе.
35-годишната музичка ѕвезда, која е бремена со близнаци, не можеше да си ги задржи солзите за време на говорот.
„Не можам да ја прифатам оваа награда. Почестена сум и многу благодарна, но изведувач на мојот живот е Бијонсе и овој албум, албумот „Lemonade“, за мене беше монументален Бијонсе. Толку величествен, добро осмислен, толку прекрасен и интимен. Ние видовме една друга страна од тебе, која не ни дозволуваш често да ја гледаме. Ние го цениме тоа, сите ние артисти тука кои те обожаваме“ – вели Адел на сцената. „Те сакам. Отсекогаш те сакав и секогаш ќе те сакам“ – додава таа.
ВИДЕО:
#GRAMMYs: Adele turns her Album of the Year speech into a tear-filled Beyonce tribute https://t.co/Y0jS3o4c6W pic.twitter.com/T5XDRk9X4K
— Hollywood Reporter (@THR) February 13, 2017
И Бијонсе беше номинирана во категоријата Албум на годината за „Lemonade“, но статуетката заврши во рацете на Адел.
Славната сопруга на Џеј Зи блескаше во црвен фустан од дизајнерот Питер Дандас, кој неодамна ја напушти модната куќа Роберто Кавали.
За специјалната вечер, Адел избра креација од Живанши.
Подоцна, Адел ја скрши својата статуетка на два дела, поради што фановите започнаа да претпоставуваат дека тоа го направи за да ѝ го даде едниот дел на Бијонсе.
Адел освои пет награди на престижната манифестација.