Откако објави дека е бремена со близнаци, Бијонсе уште повеќе го засили љубопитството на фановите за настапот на Греми 2017.
На церемонијата која ги слави најдобрите во музичката индустрија, популарната пејачка ги изведе песните „Love Drought“ и „Sandcastles“ од албумот „Lemonade“.
Бијонсе блесна на сцената како божица, во златна креација од Питер Дандас.
На сцената беа проектирани снимки од Бијонсе во златен костим кој го разголуваше нејзиното стомаче и од нејзините мајка и ќерка.
Видео
Во текот на вечерта, Бијонсе се пресоблече во црвена креација со длабоко деколте која исто така е дело на Дандас, кој неодамна ја напушти модната куќа Роберто Кавали.
Иако беше номинирана за девет награди, Бијонсе освои само два златни грамофони, од кои еден за спотот за „Formation“.
На својот сајт, музичката дива сподели фотографии од подготовките за настапот.