Принцот Хари и Меган Маркл досега успешно ја чуваа својата врска подалеку од медиумското око, но парот не успеа да ги избегне лондонските папараци.
32-годишниот припадник на британското кралско семејство и 35-годишната актерка беа фотографирани додека држејќи се раце се упатуваа кон автомобил по вечера.



Според информации до кои дојдоа странските медиуми, нивната врска станувала сè посериозна и Меган поминувала сè повеќе време во Кенсингтонската палата.

Хари потврди дека е во врска со Меган во ноември минатата година.

