Сиара го разголи трудничкото стомаче во фотосесија за Harper’s Bazaar. 31-годишната пејачка позираше со своето синче за новото издание на познатото списание.
За време на снимањето на фотосесијата, музичката ѕвезда се забавуваше со малиот Фјучр Захир Вилбурн, а фотографот Дани Брубејкер успеа да ги овековечи среќните насмевки на нивните лица.
На една фотографија, музичката ѕвезда позира целосно гола со проѕирен мантил.
Фјучр Захир е син на Сиара со нејзиниот поранешен партнер, раперот Фјучр. Таа сега е во брак со спортистот Расел Вилсон, со кого го очекува второто дете.