Бредли Купер ја поведе ќеркичката Леа на патување во Данска.
49-годишниот актер беше фотографиран додека се забавуваше со 7-годишното девојче и со својот пријател Мет Дејмон во забавниот парк Тиволи во Копенхаген. Бредли со широка насмевка стоеше покрај ќеркичката која ја има од врската со Ирина Шајк.
Бредли и Ирина немаат дадилки и го делат старателството 50/50.
Холивудските актери подоцна беа фотографирани на вечера со Лиам Хемсворт и неговата девојка Габриела.