Најпопуларниот холивудски пар можеби наскоро ќе застане пред олтар. Во интервју за списанието USA Weekend, Бред Пит јавно проговори дека нивните деца настојуваат тој и Енџи да стапат во брак.
47-годишниот актер зборувал и за воспитувањето на 6 деца и за опсадите од страна на папараците.
За бракот со Анџелина: „Децата прашуваат за брак. Тоа им значи сè повеќе и повеќе. Па, треба да го земеме во предвид.“
За слаткиот хаотичен живот со 6 деца: „Не е невообичаено децата да бидат прекриени со боја. Одржуваме борби со кал. Секој ден е хаос од утрото до моментот кога ќе се изгаснат светлата, а понекогаш и после тоа.“
За папараците: „Прогонувани сме. Нашите деца мораат да живеат зад затворени врати. Надвор има луѓе со фотоапарати.“
За интимното време со Анџелина: „Нема тајни во нашата куќа. Им кажуваме на децата: Мама и тато ќе одат да се бакнуваат. А тие започнуваат: Бљак, грозно.“