Големото семејство на Бред Пит и Анџелина Џоли доаѓа и со голем трошок. Според информациите на списанието In Touch, популарниот пар годишно троши 10 милиони долари само за децата.
„Тие годишно трошат околу 10 милиони долари на децата“ – изјавил анонимен извор близок до семејството.
А, еве и каде одат милионските суми:
- 5 милиони долари за приватни авиони. Бред и Анџелина трошат 5 милиони долари за приватни летови за да можат да ги земаат децата насекаде каде што патуваат. Во оваа сума не се вклучени трошоците за авионски патувања во прва класа.
- 1 милион долари за приватни тутори. „Трошат повеќе од 1 милион за приватни тутори кои патуваат со нив насекаде низ светот“ – пишува In Touch. Оваа сума не ја вклучува школарината за приватни училишта.
- 900 000 долари за бебиситерки. Секое од 6-те деца на Бред и Анџелина има своја бебиситерка. Според Pop Eater, бебиситерката треба да зборува течно минимум два јазика, од кои едниот да е јазикот кој се зборува во земјата од која е посвоено детето.
- 96 000 долари за облека.
- 36 000 долари за храна. Во таа сума не се вклучени трошоците за хранење по ресторани или во хотели.
- 63 000 долари за роденденски забави. Бред и Енџи потрошиле 7000 долари за да изнајмат брод за роденденот на Пакс. Во друга прилика изнајмиле цела зоолошка градина.
- 200 000 долари за приватни автомобили. Славните актери плаќаат по 600 долари на ден за приватни возила за превоз на нивните деца.
Овие информации се појавија само два дена по веста дека семејството Бранџелина бара нова бебиситерка за годишна плата од 50 000 до 150 000 долари.