Индира Кастратовиќ официјално влезе во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација. Нејзиното име сега е испишано меѓу најлегендарните ракометни играчи на сите времиња.
Ова признание, македонската ракометарка го прими на церемонија во Виена.
54-годишната спортистка ја доби поддршката од својот сопруг Зоран Кастратовиќ, кој исто така е поранешен ракометар. На свеченоста присуствуваше и Кирил Лазаров, селекторот на македонската репрезентација, кој се закити со истото признание минатата година.
Индира бликаше од среќа на фотографиите кои ги сподели на своите профили на социјалните мрежи. За оваа пригода, таа избра елегантен црн костум и блескава чантичка.