Блејк Лајвли со нов впечатлив стајлинг мамеше воздишки на забавата по премиерата на „Deadpool & Wolverine“.
36-годишната актерка привлекуваше погледи во ултра краток фустан во сина и црвена боја од брендот Balmain. Овој моден избор ѕвездата од „Gossip Girl“ го надополни со соодветни црвени салонки, а изгледот го зачини и со црвен кармин и цветен додаток на косата.
Блејк пристигна на забавата фатена за рака со Рајан Рејнолдс и Џиџи Хадид.
Рајан ја има улогата на Дедпул во новиот Марвел филм, додека Хју Џекман повторно се појавува како Вулверин.
Аутфитите на Блејк и Џиџи на премиерата беа инспирирани токму од главните ликови во филмот.