Блејк Лајвли изгледаше фантастично на премиерата на „Deadpool & Wolverin“ во Њујорк.
36-годишната актерка позираше покрај сопругот Рајан Рејнолдс во комбинезон инспириран од неговиот лик Дедпул. Креацијата е изработена во ателјето на Версаче.
Парот, кој има четири деца, се смешкаше на црвениот тепих пред бројните фоторепортери и новинари.
На премиерата беше и Џиџи Хадид, која носеше модна комбинација инспирирана од Вулверин. Таа и Блејк беа вистински хит.
Во трејлерот за новиот дел од филмскиот хит од Марвел универзумот се појавува и Лејди Дедпул, па многумина започнаа да се прашуваат дали Блејк ќе влезе во таа улога покрај Рајан.