Блејк Лајвли е новото заштитно лице на козметичкиот гигант L'Oréal Paris. 26-годишната актерка претходно соработуваше со модните куќи Шанел и Гучи.
„Возбудени сме да ѝ посакаме добредојде на прекрасната и талентирана Блејк Лајвли, нашата нова дама амбасадор!“ – со оваа порака познатата компанија ја соопшти веста на Instagram.
Лајвли ќе влезе во големото L'Oréal семејство во кое веќе се многу ѕвезди меѓу кои Џенифер Лопез, Ева Лонгорија и Бијонсе, а кое редовно соработува со моделите Барбара Палвин и Дауцен Крус.