Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се блиски пријатели со Тејлор Свифт, па не пропуштија да ја поддржат за време на нејзиното појавување на Трајбека филмскиот фестивал.
34-годишната актерка носеше летен бел фустан од Reformation. Својот стајлинг, таа го зачини со впечатливи обувки од Кристијан Лобутин и чантичка од Гучи.
На раката на славниот актер се гледаа женски детски белегзии, кои му се подарок од нивните три ќеркички.