Во саботата, Каролина Гочева имаше полноќен концерт во Охрид за кој доби само комплименти од обожавателите и присутните гости.
Македонската музичарка и нејзиниот бенд ги отпеаја најголемите хитови и најубавите песни. Гочева изгледа расположено и модерно во креации од Јована Филиповиќ. За нејзиниот изглед била задолжена стилистката Јована Зука.
Локацијата на која пееше македонското девојче е Park Golden Beach.
ФОТО: Facebook / Каролина Гочева, Ристе Спироски