Бијонсе и Џеј Зи имаа прекрасна придружба на премиерата на новиот филм „Mufasa: The Lion King“.
43-годишната музичка дива ги истакна своите облини во атрактивна креација со златни детали, додека нејзината 12-годишна ќерка Блу Ајви заблеска во волуменозна тоалета во златна металик нијанса.
Заедно со славното трио беше и 70-годишната мајка на Бијонсе, Тина Ноулс.
За филмот „Mufasa: The Lion King“, Бијонсе го позајми својот глас за Нала, додека Блу Ајви за Киара.
Деновиве, актуелна тема во медиумите се тужбите за Џеј Зи, кој е обвинет дека во 2000 година, заедно со Пи Диди силувал 13-годишно девојче.
Џеј Зи преку официјално соопштение ги отфрли сите обвинувања.
„Ми се крши срцето единствено за моето семејство. Со сопругата треба да разговараме со нашите деца, од кои едното е на возраст на која нејзините пријатели сигурно ќе прочитаат во медиумите и ќе прашуваат за вистината зад овие тврдења, и да им ја објасниме суровоста и алчноста на луѓето“ – напиша Џеј Зи.
Покрај Блу Ајви, Бијонсе и Џеј Зи имаат уште две близначиња.