По големиот триумф на доделувањето на Греми наградите, Бијонсе продолжува неуморно да работи. Таа вчера во Менхетен го лансираше својот прв парфем Beyonce Heat.
Дваесет и осумгодишната пејачка делеше автограми и позираше додека првите купувачи го држеа во рацете нејзиниот парфем.
Пред некое време Бијонсе изјави дека планира да направи пауза и да се повлече за кратко од сцената.
“
Време е да направам пауза, да ги наполнам батериите. Би сакала да си земам шест месеци и да не влегувам во студио. Потребно ми е само да го живеам животот, да бидам повторно инспирирана.
Погледнете слики од лансирањето на парфемот и видеото на жешката рекламата за Beyonce Heat.