Џенифер Лопез не ја пропушти годинешната Мет Гала, на која пристигна со своето момче Бен Афлек.
52-годишната модна икона шармираше пред музејот на уметноста „Метрополитен“ облечена во долг вестерн фустан со длабоко деколте и наметка од вештачко крзно од Ралф Лорен. Винтиџ модните додатоци, кои го комплетираа изгледот на Лопез, исто така се од архивата на американската модна куќа.
Славната музичарка сама позираше пред фоторепортерите, но подоцна беше „уловена“ како го бакнува 49-годишниот актер преку заштитната маска.