Тифани Трамп и Мајкл Булос си го кажаа судбоносното „Да“ на бајковита свадбена прослава во Мар-а-Лаго, приватниот ресорт на Доналд Трамп во Флорида.
29-годишната невеста носеше раскошна креација од либанскиот дизајнер Ели Сааб, а до олтарот ја одведе нејзиниот татко, кој е поранешен претседател на САД.
На спектакуларната церемонија на помалата ќерка на Доналд и на 25-годишниот милијардер присуствуваа 250 гости.
И мајката на Тифани, поранешната актерка Марла Мејплс, носеше креација на Сааб.
За вечерната свадбена прослава, Тифани промени уште една венчаница. Првиот свадбен танц на парот беше на песната „Dancing in the Moonlight“.
На пробата за свеченоста, Доналд позираше со сегашната сопруга Меланија и со поранешната сопруга Марла и привлече големо внимание.
Тифани и Мајкл се запознаа во 2018 година за време на одморот во Грција и истата година започнаа да се состануваат. Тој ја побара за жена пред две години.