Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Модни уреднички одбија да седат до ќерката на Доналд Трамп на ревија во Њујорк

Модни уреднички одбија да седат до ќерката на Доналд Трамп на ревија во Њујорк

Политиката сè позасилено ја поделува модната индустрија во САД. Откако Доналд застана на позицијата претседател, модната колекција на неговата ќерка Иванка беше отфрлена од повеќе големи компании, многу дизајнери одбија да ја облекуваат неговата сопруга Меланија, а од револтот не остана незасегната и неговата ќерка Тифани Трамп.

Младата девојка присуствуваше на повеќе ревии во рамките на Њујоршката недела на модата. Но, за време на шоуто на Филип Плејн, таа се најде во центарот на непријатна ситуација. Две уреднички на списанието „Elle“ одбиле да седат до неа и ги оставиле нивните места празни.

„Никој не сакаше да седи до Тифани Трамп на шоуто на Филип Плејн, затоа се поместија и седиштата до неа се празни“ – пишува во објава на Twitter.

Дизајнерот Филип Плејн ја осуди таквата постапка на гостинките и порача дека е глупаво да се осудува и засрамува 23-годишната девојка заради политиката на нејзиниот татко.

Вупи Голдберг застана на страната на Тифани и јавно изјави дека со задоволство би седела до неа за време на модните шоуа. Тифани веднаш ѝ се заблагодари за поддршката на Twitter.

Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп

Тифани заедно со мајка си Марла Мејпелс и партнерот Рос Меканик го проследи модното шоу на дизајнерката Таореј Ванг. За настанот, Трамп избра бел фустан од Ванг, која исто така е заслужна за нејзиниот аутфит за инаугурацијата на татко ѝ Доналд Трамп.

Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.