Пилар Рубио заблеска на 70-тото издание на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.
На премиерата на „Discovering Canary Islands - San Borondón“, 44-годишната сопруга на Серхио Рамос зачекори во впечатлив фустан од најновата колекција висока мода на Зухаир Мурад.
Атрактивната шпанска водителка, која е мајка на четири деца, самоуверено чекореше на црвениот тепих.
Пилар е во брак со Рамос од 2019 година. Тие имаат четири мали синчиња.