Ријана ги привлекуваше сите погледи кон себе додека се упатуваше на вечера во италијанскиот ресторан „Giorgio Baldi“ во Санта Моника.
На папараци фотографиите, 33-годишната пејачка и дизајнерка носи црна модна комбинација со мини здолниште и долго палто.
Иако Ријана нема објавено нова песна пет години, таа нижи успеси со својата козметичка линија Fenty Beauty и со колекцијата долна облека Savage x Fenty.