Малума за кратко време се издигна на врвот и го освои музичкиот свет, па не е чудно што неговиот приватен живот е будно следен од медиумите.
Пред неколку дена, 23-годишниот пејач беше фотографиран додека си разменуваше бакнежи со новата девојка, па повторно ја заскокотка љубопитноста на светската јавност.
Наталија Барулич е девојката која го „зароби“ срцето на популарниот латино заводник. 26-годишниот модел и Малума се запознаа минатата година на снимањето на неговиот спот „Felices los 4“, па веројатно токму тогаш се роди силна хемија помеѓу нив.
Убавата девојка има кубанско потекло и успешно се пробива во модната индустрија. Веќе неколку сезони таа соработува со модната куќа Guess.