Малума е лицето кое ја краси насловната страница на „Haute Living“. 24-годишниот латино заводник прослави за оваа чест на настан во Холивуд, Калифорнија.
На прославата, популарниот пејач ја доби поддршката од својата девојка Наталија Барулич, која беше облечена во креација во портокалова боја.
Малума и Наталија за првпат беа видени во јавност заедно во јануари оваа година.
Колумбискиот музичар и 26-годишниот модел се запознаа минатата година на снимањето на неговиот спот „Felices los 4“, па веројатно токму тогаш се роди силна хемија помеѓу нив.
Убавата девојка има кубанско потекло и успешно се пробива во модната индустрија.