Кристи Бринкли и нејзините две ќерки продолжуваат да го промовираат заедничкото појавување во овогодишното издание на Sports Illustrated посветено на костими за капење.
63-годишниот поранешен модел привлече многу погледи кога пристигна на забавата на Sports Illustrated во Њујорк во црвен припиен комбинезон. Карминот на Кристи совршено одговараше на нејзината облека.






Бринкли беше придружувана од своите ќерки, 31-годишната Алекса и 18-годишната Сејлор. На настанот, Сејлор шармираше во црн фустан со должина до глуждовите, додека Алекса избра краток фустан со леопардски принт и кожна црна јакна.












