Анџелина Џоли е ѕвездата која ја краси корицата на декемвриското издание на „Вог“ Мексико.
49-годишната актерка сними едиторијал за списанието и изгледаше фантастично додека позираше пред објективот на фотографот Дан Мартенсен.
На една од фотографиите, холивудската убавица покажува дел од големата тетоважа на својот грб.
Џоли моментално го промовира филмот „Maria“, во кој ја портретира легендарната оперска пејачка Марија Калас.