Кога во април на рамото на Анџелина Џоли беше забележана нова тетоважа со географски координати, веднаш се распространи веста дека Пит и Џоли го прошируваат семејството со седмо дете.
Тетоважата се наоѓа под шест други кои ги опишуваат координатите на местата на раѓање на шесте деца на Анџелина, па медиумите имаа добра основа да сметаат дека постои можност за ново посвојување.
Но, како што некои медиуми се посомневаа, последната тетоважа на Енџи со координати е за Бред Пит, а не за седмо дете.
![Анџелина Џоли и Бред Пит](/images/articles/2010/01.jpg)
Во интервју за Extra, за време на 64-тиот филмски фестивал во Кан, Анџелина со зачудување ја прими веста дека сите зборувале за нејзината тетоважа и објасни: „Ако знаеле дека е географска ширина и должина, брзо ќе сфатеа дека се работи за родното место на Бред. Не треба многу истражување за тоа. Координатите се за Шауни, Оклахома.“
За време на интервјуто, новинарот ја потсети 35-годишната актерка за една нејзина изјава дека сака доволно деца за да може да направи фудбалски тим. На тоа Анџелина со насмевка му возврати: „На добар пат сум“. А кога ја запраша дали планираат да посвојуваат уште деца, таа брзо одговори: „Не сега“.
Анџелина Џоли е на Канскиот филмски фестивал за да го промовира новиот анимиран филм „Kung Fu Panda 2“.
Еве го и интервјуто: