Кендис Сванапул се посвети на мајчинството. 27-годишниот ангел на Victoria’s Secret сподели фотографија на Instagram на која ужива во друштво на своето мало синче Анака.
На неа, славниот модел позира во црни бикини додека го држи в раце своето мило чедо.
Слаткото момче се роди на почетокот на октомври минатата година, а веќе три месеци подоцна славниот модел е на пат да се врати во одлична фит форма.
Анака е прво дете на популарната манекенка и бразилскиот модел Херман Николи.








