Кендис Сванапул се посвети на мајчинството. Славниот ангел на Victoria’s Secret на Instagram сподели фотографија на која го дои малото синче заедно со важна порака за доењето во јавност.

Револтирана од фактот дека многу мајки денес се критикувани затоа што ги дојат своите малечки во јавност, 28-годишната Јужноафриканка во описот напиша:
Многу жени денес се посрамувани затоа што дојат во јавност или се бркани од јавни места само зашто ги хранат своите деца. Ме натераа да чувствувам потреба да се покријам или да се срамам да го хранам моето бебе на јавно место, но зачудувачки не чувствувам ништо слично за топлес едиторијалите кои ги имам направено во име на уметноста..?
Светот отрпна на сексуализацијата на градите и на насилството на ТВ... зошто треба да е поразлично со доењето? Доењето не е сексуално, природно е.
Оние кои сметаат дека е погрешно да се храни детето во јавност треба да бидат едуцирани за бенефициите кои мајките и децата, но и општеството како целост, ги добиваат од доењето.






Сванапул го роди малиот Анака на 5 октомври. Слаткото бебенце е првото дете на Кендис и нејзиниот вереник Херман Николи.