Секој човек воздивнува кога гледа ревија на Victoria’s Secret. Мажите се радуваат на глетката, а жените посакуваат да го имаат телото на прекрасните ангели.
Но, совршените задници кои дефилираат секоја година, освен што се оформени со многу вежбање и диети, се и резултат на многу шминка. Во изгледот на секој модел се вложени долги часови подготовка пред секоја ревија.
Моделот Selita Ebanks откри дека “сè се сведува на создавање на илузија за неверојатно тело на пистата“.
„Луѓето не осознаваат дека имам 20 слоја шминка и тоа само на задникот“ – изјави таа за NYDailyNews.
Освен шминката на задникот, за која е потребен еден час, секој модел на Victoria’s Secret пред секое шоу поминува по 3-5 часа во подготовка на косата и шминката на лицето.
Тоа е тајната на Victoria’s Secret, поради која секој дел од телото на најубавите жени на светот изгледа совршено.