Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ана Кендрик ја донира заработката од новиот филм за жртви на насилство откако и таа беше во насилна врска

Ана Кендрик ја донира заработката од новиот филм за жртви на насилство откако и таа беше во насилна врска

Ана Кендрик се откажа од каква било заработка од новиот филм режиран од неа, „Woman of the Hour“.

39-годишната актерка, која го имаше своето режисерско деби, ги донира сите средства за лица кои се жртви на насилство, силување и инцест. Таа има споделено дека и самата била во насилна врска која траела седум години.

„Тоа е најмалку што можев да направам“ – рекла таа во интервју во кое сподели дека заработката ќе биде наменета за Националната мрежа за силување, насилство и инцест, како и за Националниот центар за жртви од насилство. Овие организации ги поддржуваат лицата кои преживеале сексуално или физичко насилство.

Ана Кендрик

Филмот „Woman of the Hour“ е снимен според вистинска приказна за серискиот убиец Родни Алкала, кој во 1978 година учествувал во ТВ шоуто „The Dating Game“. Додека се снимало шоуто, тој убил најмалку пет жени.

Премиерата на „Woman of the Hour“ се одржа во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто на 8 септември 2023 година, а од 18 октомври оваа година е достапен на Netflix.

Ана рекла дека би се чувствувала „грозно“ кога би профитирала од филмот купен од Netflix за 11 милиони долари.

Ана Кендрик Ана Кендрик
@screenoffscript Anna Kendrick donated all the money she made from her directorial debut “WOMAN OF THE HOUR,” to charities, RAINN and The National Center for Victims of Crime, after it was acquired by Netflix for $11M (via @Ashley Flowers) #AnnaKendrick #WomanoftheHour #Netflix #RAINN #DomesticAbuseAwareness ♬ original sound - Screen Off Script

Неодамна, во подкастот „Call Her Daddy“, Ана сподели дека нејзиниот поранешен партнер бил насилен кон неа, но дека ѝ требале години за да сфати што се случува. Таа постојано се обвинувала себеси, бидејќи тој верувал дека е жртвата во нивната насилна врска.

„Имав многу љубов и доверба кон оваа личност, па мислев дека мора да сум јас виновникот. Ако еден од нас е луд, тоа мора да сум јас. Си го превртив животот наопаку обидувајќи се да го поправам она што не беше во ред кај мене“ – рекла таа.

Поради траумата претрпена во таа врска, Ана се дистанцирала од глумата во комедии.

@callherdaddy

Anna opens up about the abusive relationship she was in. Episode is live ️

♬ original sound - Call Her Daddy

Нa 25 ноември се одбележуваше Меѓународниот ден против насилството врз жените со што беше означен почетокот на 16 дена активизам против овој тип на насилство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19871 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.