Амал Клуни со својот моден избор налеа гориво во разгорените гласини дека е бремена.
На прикажувањето на филмот „The White Helmets“, славната сопруга на Џорџ Клуни носеше краток широк фустан од Долче и Габана, а на една од фотографиите изгледа како да има трудничко стомаче, па тоа беше сосема доволно за светските медиуми на големо да започнат да шпекулираат дека е во блажена состојба.




38-годишната адвокатка и 55-годишниот актер се во брак од септември 2014 година.