Винсент Касел повторно се вљуби во убавица. Славниот актер, кој претходно беше во брак со Моника Белучи и Тина Кунаки, веќе има нова девојка.
56-годишниот Французин беше фотографиран со 27-годишната Нара Баптиста на плажа во Рио де Жанеиро.
Филмската ѕвезда и атрактивниот модел уживаа на СУП даска.
Новиот пар и претходно беше фотографиран заедно.
По откривањето на врската на Винсент и Нара, на интернет се редат сè повеќе и повеќе коментари за нејзината сличност со Тина Кунаки.
Тој се венча со Тина во 2018 година, а добија ќерка во 2019 година. Веста за нивната разделба беше објавена во април оваа година.
Касел беше во брак со Белучи од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки.