Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерка одржа говор на знаковен јазик на Оскар поради ветување кон 6-годишно глуво девојче, доби само пофалби

Актерка одржа говор на знаковен јазик на Оскар поради ветување кон 6-годишно глуво девојче, доби само пофалби

Рејчел Шентон доби Оскар за филмот „The Silent Child“, а својот говор го искористи за да оствари ветување кое му го дала на глуво девојче со кое глуми во наградениот филм.

Имено, 30-годишната актерка ѝ ветила на 6-годишната Мејзи Слај дека доколку добијат награда за заедничкиот филм, ќе одржи говор на знаковен јазик и токму тоа и го направи.

Шентон ја прими златната статуетка за Најдобар краткометражен филм за „The Silent Child“ чие сценарио го напишала самата таа, инспирирана од приказната за нејзиниот татко кој го изгубил слухот како последица на хемотерапија.

Оскар 2018

„Ѝ дадов ветување на нашата шестгодишна главна актерка дека ќе зборувам и на знаковен јазик. Се извинувам што ми се тресат рацете. Нашиот филм е за глуво дете родено во светот на тишината. Сторијата не е преувеличена за филмот, ова се случува. Милиони деца ширум целиот свет живеат во тишина и се соочуваат со комуникациски бариери и особено пристап кон образование. Глувоста е тивка попреченост, не можеш да ја видиш и не е опасна по живот. Затоа благодарна сум што Академијата ни дозволи да ја поставиме оваа тема пред публиката“ – вели Рејчел во говорот.

ВИДЕО

Британската ѕвезда на црвениот тепих се појави со слатката Мејзи и вереникот Крис Овертон, кој е режисер на наградениот филм.

Оскар 2018 Оскар 2018 Оскар 2018 Оскар 2018 Оскар 2018

Шентон доби бројни пофалби за овој потег, кој испраќа порака за инклузивност на лицата со попреченост во сите сфери од животот.

Оскар 2018

Трејлер за The Silent Child

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20820 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.