Адријана Лима засенува со својата убавина. Славната Бразилка изнуди море од комплименти со впечатливиот изглед на хуманитарен настан во Мајами.
За свеченоста организирана од Мадона, Адријана дозволи да биде понесена од магијата на кадифе трендот. Креацијата во смарагдно-зелена боја, која ги истакна нејзините очи, доаѓа од брендот Haider Ackermann, додека златните сандали го носат потписот на Giuseppe Zanotti.
Ефектниот стајлинг таа го надополни со накит од Bulgari.





На хуманитарниот настан беа собрани 7,5 милиони долари за непрофитната организација „Raising Malawi“.
Пред неколку дена, 35-годишната манекенка заведуваше на забавата на Victoria’s Secret во Париз.




