Адријана Лима со години е заштитно лице на IWC, па очекувано беше специјална гостинка на луксузната презентација на брендот која се одржа денеска.
Атрактивната Бразилка пленеше во црн сако-фустан од Мајкл Корс и чевли од Кристијан Лобутин на настанот на престижната компанија во Женева, Швајцарија.







