Адријана Лима беше во центарот на вниманието на настанот „Escape The Urban Jungle“ во Њујорк. Синоокиот ангел на Victoria’s Secret самоуверено позираше, промовирајќи ги пијалаците AMAzon.
Во кратка розова маичка и црно тесно здолниште, Лима блескаше во улогата на заштитно лице на Amazon Beverages во престижниот хотел „Dream“.
Претходно Лима го посети студиото на Huffington Post, каде наиде на незгодно новинарско прашање кои ѝ ги зарумени образите. Марк Ламонт Хил не го прескокна интимниот факт дека Лима немала сексуални односи до својата 27 година, односно до првата брачна ноќ, на што таа одговори срамежливо. „Ме зацрвени од срам. Јас сум срамежлива. Треперам сега... Мораш да стоиш зад своите убедувања и зад тоа што те прави да се чувствуваш комфорно“ – вели таа во интервјуто.
Адријана Лима и претходно имаше јавно зборувано за губењето на невиноста и за тоа дека сексот немал место во нејзиниот живот пред брак. „Сексот е за после брак. Мажите мора да го почитуваат тој мој избор. Ако нема почит, тоа значи дека не ме сакаат“ – изјави таа во 2006 година.
32-годишната Бразилка стапи во брак со Марко Јариќ на Св. Валентин во 2009 година.
Погледнете видео од интервјуто со Лима: