Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел го покажа средниот прст додека собираше трофеи на Brit Awards 2012

Адел го покажа средниот прст додека собираше трофеи на Brit Awards 2012

Адел ја дополни својата колекција статуетки со два трофеи освоени на синоќешното доделување на Британските музички награди.

23-годишната ѕвезда освои две награди и тоа за Најдобра британска пејачка и Најдобар британски албум.

„Благодарам многу. Ништо не ме прави погорда од тоа што се вратив дома со шест Греми награди, а потоа дојдов на Брит наградите и ја освоив наградата за албум на годината. Многу сум горда што сум Британка и што го веам британското знаме и што сум во иста просторија со сите вас“ – изјави среќната Адел. Но, во тој момент водителот ѝ се обрати со извинување затоа што мораше да го прекине нејзиниот говор.

Изненадена и изнервирана што мора да го прекине говорот, темпераментната пејачка збогувајќи се со публиката го покажа средниот прст. Се разбира, Адел потоа објасни дека таквиот гест не бил наменет за нејзините обожаватели и за публиката.

Адел Адел

Организаторите денес упатија јавно извинување до Адел што морале да го прекинат нејзиниот говор, бидејќи програмата течела во живо, а тие го имале надминато предвиденото време за емитување.

Од британските изведувачи се истакна Ед Ширан кој беше избран за Најдобар британски пејач.

Ријана повторно ја доби наградата за Најдобра интернационална пејачка, а Бруно Марс беше прогласен за Најдобар интернационален пејач.

РијанаРијана ја прима наградата Бруно МарсБруно Марс со статуетката в раце

Целосната листа на победници:

British Album of the Year: Адел
British Female Solo Artist: Адел
International Male Solo Artist: Бруно Марс
Critics' Choice: Емели Санде
Best British Single: One Direction, „What makes You Beautiful“
International Female Solo Artist: Ријана
British Male Solo Artist: Ед Ширан
British Group: Coldplay
Best International Group: Foo Fighters
British Breakthrough Act: Ед Ширан
International Breakthrough Act: Лана Дел Реј
Outstanding Contribution To Music: Blur

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20827 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.