Иако се очекуваше Кристина Агилера да се врати на сцената во малку поскромна и посериозна верзија, како што се приближува времето до излегувањето на новиот албум сè повеќе се уверуваме дека нема ништо скромно во нејзината музика.
Првиот сингл „Not Myself Tonight“ од најновиот албум на Агилера доби многу критики, особено нејзиниот провокативен спот. Сега веќе се појави и вториот сингл насловен како „WooHoo“, кој што најверојатно ќе го привлече вниманието и на обожавателите и на критичарите на музиката на Агилера.
За новиот сингл, својот глас го позајмила и раперката Ники Минаж. „WooHoo“ ќе биде дел од албумот „Bionic“ кој што треба да се појави на 8 јуни.