Пандемијата не го спречи одржувањето на 78-мото издание на Златен глобус. Синоќа, на две церемонии во Лос Анџелес и Њујорк и преку онлајн пренос беа наградени најдобрите од светот на филмот и телевизијата за изминатата година.
Филмовите и сериите на стриминг платформата Netflix добија најмногу признанија.
За Најдобра ТВ серија драма беше прогласена „The Crown“, а за истата серија актерот Џош О’Конор и актерката Ема Корин беа прогласени за Најдобар актер и Најдобра актерка во ТВ серија драма.
Филмската екипа на „Nomadland“ ја доби наградата Најдобра драма, а Клои Џао за истиот филм се закити со награда Најдобра режисерка.
За Најдобра лимитирана серија беше избрана „The Queen’s Gambit“, а за улогата во истата, Ања Тејлор-Џој беше прогласена за Најдобра актерка во лимитирана серија.
За улогата во „I Know This Much Is True“, Марк Рафало се закити со статуетката за Најдобар актер во лимитирана серија.
За „Soul“ беше резервирана наградата Најдобар анимиран филм.
Статуетката за Најдобра актерка во мјузикл/комедија заврши кај Розамунд Пајк за „I Care A Lot“, додека за Најдобар актер во мјузикл/комедија му беше доделена на Саша Барон Коен за улогата во „Borat Subsequent Moviefilm“.
„The Trial of the Chicago 7“ ја доби наградата за Најдобро сценарио.
Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.