Само неколку дена по премиерата на спотот за песната „Rockstar 101“, Ријана реши да ги изненади своите обожаватели со уште една видео премиера. Вчера се појави и спотот за песната „Te Amo“.
Жешкиот спот, кој ги покажува Ријана и францускиот модел Летиција Каста во заводлива секси игра, се снимаше кон крајот на април во замок во предградието на Париз, Франција. Тогаш Ријана беше во Париз за нејзината турнеја „Last Girl on Earth“.
Режисер на спотот е Ентони Медлер, којшто многупати досега има соработувано со Ријана.
„Te Amo“ е петтиот сингл на Ријана од новиот албум „Rated R“.