„Squid Game“ со молскавична брзина го освои светот, а хит-серијата беше инспирација и за најновото видео на јутјуберот Џејмс Доналдсон, познат како MrBeast.
Тој повика 456 натпреварувачи и ги пресоздаде игрите од јужнокорејската драма. Финалистот освои 456.000 долари.
Доброволците играа „Црвено светло, зелено светло“ и си ги измерија силите со тргање со јаже пред да преминат кон последните „пречки“ до главната награда.
Последната игра беше различна од финалната игра од серијата, а важно е да се напомене дека целата одисеја беше изведена без употреба на насилство.