О Јенг-су го освои првиот Златен глобус на 77 години. Актерот, кој го глуми играчот 001 во јужнокорејската драма „Squid Game“, синоќа се закити со престижната статуетка.
Тој беше избран за Најдобар актер во споредна улога во серија, а ова е првпат во историјата на манифестацијата актер од Јужна Кореја да освои Златен глобус.
Златен глобус се одржува од 1944, годината кога се родил О Јенг-су.
Доделувањето на наградите оваа година помина без голема церемонија и гости.
О Јенг-су ја има улогата на највозрасниот учесник Ох Ил-нам во „Squid Game“, смртоносната игра во која учесниците-доброволци преку опасни игри се обидувааат да добијат 45,6 милијарди вони, односно 38 милиони долари.