Јутјуберот Џејмс Доналдсон, познат како MrBeast, го користи својот успех за да прави добри дела.
24-годишниот Американец им плати операции на илјада луѓе со проблеми со видот и катаракта за да можат повторно да гледаат. „Го лекуваме слепилото на илјада луѓе“ – вели тој.
Неговото видео од моментите пред и по операциите, за само еден ден има 58 милиони прегледи.
„Пола од слепилата во светот се кај луѓе на кои им треба операција од само 10 минути“ – вели докторот во видеото.
На дел од личностите, MrBeast им додели огромни подароци, како 10.000 долари, 50.000 долари и комплетно нов автомобил.
Емоциите не се опишуваат со зборови, затоа погледнете го видеото: