Во свет полн со негативност и омраза, еден јутјубер се обидува да биде извор на позитивност.
Неколку месеци откако плати операции за да прогледаат 1.000 слепи лица од целиот свет, Џими Доналдсон, познат како MrBeast, со 3 милиони долари помогна 1.000 да прослушаат.
Со вложените средства, 25-годишниот годишниот филантроп им овозможи на глувите лица достап до најновата технологија за да им помогне за првпат во животот да слушнат звуци.
Проектот траел со месеци и било потребно многу планирање, истражување и создавање соработки со експерти во полето на аудиологијата. Среќните учесници во него се од различни земји: САД, Мексико, Гватемала, Бразил, Јужноафриканската Република, Кенија, Индонезија и Индија. Доналдсон донирал и по 100 илјади долари во овие земји за лицата кои не слушаат да имаат достап до учење знаковен јазик.
„1.000 глуви лица слушаат за првпат“ е насловено видеото на MrBeast, кој покрај тоа што им овозможува слух на учениците, исто така ги наградува и со други подароци.
Преку ова видео, Џими ја подигнува свеста за важноста на слухот и докажува колку е голема моќта на социјалните мрежи за создавање позитивни промени.