Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Reb'l Fleur“ – првиот парфем на Ријана

„Reb'l Fleur“ – првиот парфем на Ријана

Скоро сите славни личности создаваат свој парфем, па време беше и популарната Ријана да повлече ваков потег.

Денес се појавија првите фотографии од нејзиниот парфем „Reb'l Fleur“. Името на парфемот е многу слично на она што го пишува на тетоважата на нејзиниот врат, rebelle fleur, што во превод од француски значи бунтовничко цвеќе.

Парфемот на Ријана

Мирисот на Ријана има софистицирани цветни мирисни ноти и вклучува тубероза, темјанушка и хибискус, како и кокосова вода. Шишенцето на парфемот е во форма на штикла, а е украсено со црна лента и златен прстен на горниот дел кај распрскувачот.

Парфемот на Ријана

Парфемот ќе биде пуштен во продажба во текот на 2011г.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 22104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.