Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Plus-size модел со моќен есеј цели да ги инспирира жените да го сакаат своето тело

Plus-size модел со моќен есеј цели да ги инспирира жените да го сакаат своето тело

Искра Лоренс е една од девојките со облини кои направија „бум“ во модната индустрија. 25-годишната Англичанка со моќен текст во кој ја раскажува својата приказна цели да ги инспирира жените да си го сакаат телото и да им покаже дека фотошопирањето на фотографиите дава погрешна замисла за тоа како треба да изгледа женското тело.

Фотографии од Искра пред и по ФотошопФотографии од Искра пред и по Фотошоп

На Instagram, Лоренс сподели две фотографии од себе – едната обработена во Фотошоп, другата не. Во описот таа напиша: „Шокантно е што ми требаа само 10 минути за да се фотошопирам себеси до „совршенство“. Но, што е совршено? Не сме родени со мислата дека нашите несовршености нè прават помалку убави. Ние сме научени од општеството и медиумите дека треба да се чувствуваме несигурно за нашите несовршености со цел да купиме одредени производи за да се „подобриме“ или да постигнеме совршенство. Сакав да ја споделам необработената фотографија веднаш до обработената за да можете да видите дека само неколку поправки, сите направени на мојот телефон, можат комплетно да го променат изгледот на една личност. Не можам да го напуштам домот и да живеам во „реалниот свет“ фотошопирана, па зошто да се преправам онлајн? Ние сме убави бидејќи сме ние и ние сме многу повеќе од нашиот изглед. Се надевам дека кога ќе видите фотографии од луѓе на интернет кои изгледаат совршено, нема да се чувствувате несигурни или помалку убави, бидејќи тоа не е реално. Тоа што е реално сте вие и вие сте доволно добри бидејќи тие „несовршености“ ве прават потполно уникатни.“

Искра Лоренс

Мојата приказна е исполнета со подеми и падови. Составена е од вкусување на успехот и многу повеќе одбивања. Пред да научам да бидам самоуверена и да се сакам себеси однатре кон надвор, им дозволував на ниските моменти да победат. Како и сите други жени што ги познавам, ги поминав тинејџерските години борејќи се со своето тело и чувствувајќи се недоволно добра. Голем дел од таа негативност доаѓаше од потрагата по кариера како модел и слушањето безброј пати дека телото ми е преголемо. Дека моите колкови и бедра се премногу широки. Па, започнав да држам екстремни диети, бев опседната со броењето на калории, вежбав прекумерно и се соочив со дисморфофобија до тој степен, што започнав да барам на Google операции за смалување на листовите на нозете – сè за да го променам телото во нешто што не беше. Јас можеби бев најслаба во животот, но бев и најнездрава што сум била некогаш.

По години очајнички обиди да си го променам телото, решив да преминам од стандарден на plus-size модел, иако и таму се соочив со слични одбивања, но овој пат затоа што сум била премногу слаба. Решив да не ја повторувам истата грешка со моето здравје и се насочив кон мојот менталитет. Повеќе не се споредував со другите модели и наместо тоа, се фокусирав да бидам најдобрата верзија од себеси. Го прифатив сето тоа што ме прави поразлична од другите и го искористив во моја корист, што се покажа како полн погодок. Колку повеќе време вложував во себеси и во откривање на карактеристиките што ме прават уникатна и специјална, толку повеќе имав работа и нови кампањи. Како магија!

Приказната има среќен крај и бев среќничка што имав шанса да го споделам тоа со брендот Aerie. Кога првпат слушнав за Aerie, се вчудовидов од убавината и самоувереноста на моделите кои се појавуваа во нивните кампањи, а уште повеќе што фотографиите не им беа обработени. Самоуверено можам да кажам дека животот ми се промени на денот кога започнав да работам со нив. Го видов моето тело на нивните прекрасни фотографии онакво какво што навистина беше, без да е уништено или обработено, и јас всушност изгледав и се чувствував среќна. Тоа беше првпат целосно да ја прифатам самодовербата и љубовта кон себеси, која ја одбивав толку многу години. Кога тие фотографии подоцна се појавија на билборд на Times Square (нешто од кое ќе бев преплашена пред многу години), јас се чувствував исполнета. Во тој момент на ум ми дојде една мисија: Ако конечно научив да се сакам себеси и другите жени можат да научат. Сега ја лансирав кампањата #ShareYourSpark, каде жени и девојки се собираат за да споделат што научиле за самодовербата, љубовта кон своето тело и менталното здравје. Колку повеќе можеме да зборуваме за важни проблеми и да учиме една од друга, толку посреќни и поздрави ќе станеме.

Највлијателната личност со која се имам сретнато е млада жена по име Марија, која помина четири години од својот тинејџерски живот борејќи се со опасно нарушување во исхраната. Кога ја запознав неа, ние пролеавме по некоја солза и ги споделивме нашите лични приказни. Откако ја запознав Марија и илјадниците други жени кои се поврзаа со мене преку кампањите, сфатив колку големо влијание има споделувањето на нашите борби и издигнувањето над нив. Мојата следна мисија е: да ја споделам мојата искра за да ги научам девојките како да се грижат за себе ментално, физички и емоционално. Ако мојата искра може да инспирира само една девојка, тогаш тоа е победа за мене. Споделете ја вашата искра!

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.