Почетна » Новости » Мода » Моделот со облини Искра Лоренс во реклама без Фотошоп која ги менува стандардите за убавина

Моделот со облини Искра Лоренс во реклама без Фотошоп која ги менува стандардите за убавина

Брендот за долна облека Aerie има нова цел пред себе – да ги промени стандардите за убавина и да покаже дека сите жени се убави онакви какви што се.

За кампањата за новата колекција костими за капење, американската компанија го ангажираше моделот со облини Искра Лоренс, откако претходно сними реклама и со „pluz-size“ моделот Барби Фереира. Промотивните видеа и фотографии на Aerie не се коригирани во Фотошоп.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Во видеото кое започнува со пораката: „Вие сте секси онакви какви што сте“, Лоренс низ солзи објаснува дека е пресреќна што конечно е сметана за убава токму онаква каква што е. „Премногу сакав да бидам дел од оваа кампања, бидејќи често слушав дека не сум доволно добра и дека никогаш нема да успеам. Тогаш, Aerie ми кажа дека сум убава, бидејќи сум она што сум. Не мора да бидеш фотошопирана, бидејќи вистинската „ТИ“ е убава“ – вели таа.

Видео

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

25-годишната Англичанка, која е ѕвезда на Instagram со повеќе од 1 милион следбеници, долго време се обидува да покаже дека она што го гледаме на фотографиите од модните кампањи не е реално. Најчесто, објавените слики на профилот на Лоренс се необработени, но некогаш тоа е невозможно зашто фотографите одбивале да ѝ ги дадат оригиналите.

„Во нивниот ум тие имаат замисла дека убавината мора да биде совршена. Тоа воопшто не е точно. Мислам дека необработените фотографии се уште поубави“ – изјавила Искра во интервју за Elle.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Но, самоуверената девојка не била отсекогаш позитивна за своето тело како што е сега. Искра растела во свет на слаби модели, а бидејќи нејзиниот сон бил да стане модел и често била одбивана од модните агенции, таа започнала да држи екстремни диети за слабеење. Иако нејзините обиди биле неуспешни, таа не се разочарала, напротив, еден ден одлучила да им докаже на сите дека грешат.

„Еден ден одлучив да докажам дека сите тие ужасни коментари и одбивања се погрешни. Наместо да поверувам дека не сум доволно добра, си кажав себеси: Што ако сум? Што ако причината што сум различна од сите тие модели е причина за да успеам? Тогаш започнав да ја создавам мојата индивидуалност, сметајќи на фактот дека никој друг никогаш нема да биде ЈАС. Ако успеам да станам модел, ќе ме ангажираат поради тоа што сум оваа девојка, а не поради моите пропорции“ – рекла таа.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Лоренс вежба постојано за да го одржува своето тело и здравје, но не е престрога кон себе доколку треба да прескокне некој тренинг. „Најдолгиот период без вежбање ми бил две недели. Го обожавам чувството и енергијата која ја добивам од вежбањето“ – објаснува Искра и апелира до жените: „Вие сте многу повеќе од вашето тело и вие морате да одлучите што е убаво“.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Покрај Лоренс, за новата кампања Aerie ја ангажираше и Барби Фереира, најавувајќи дека ќе стои подалеку од Фотошопот и дека ќе се фокусира на вистинската, природна убавина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.