Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Вера Ванг воодушеви во костим за капење на 62 години

ФОТО: Вера Ванг воодушеви во костим за капење на 62 години

Вера Ванг ги отвори вратите на својот прекрасен минималистички стаклен дом за списанието Harper's Bazaar. Во луксузната куќа која има поштенски код 90210, кралицата на невестинските фустани позираше во неколку едноставни креации и костим за капење.

Гледајќи ги фотографиите можеби ќе речевте дека се приближува до нејзиниот 50-ти роденден, но всушност тешко би погодиле дека славната дизајнерка има 62 години.

Вера Ванг

„Не сум таков тип на жена која би носела штикли со костим за капење. Да го расчистиме тоа уште сега“ – изјавила таа за списанието.

Вера Ванг

Вера Ванг е дизајнерка која не се плаши да експериментира. Во нејзината последна колекција невестински фустани немаше ниту еден бел фустан. „Го обожавам црниот невестински фустан“ – вели таа.

Вера Ванг

Што се однесува до облеката и нејзиниот плакар, Ванг признава дека нејзина најголема слабост е дизајнерот Рик Овенс. „Го сметам за уметник кој ја користи својата визија и има храброст да ја следи“ – изјавила таа.

Домот на Вера Ванг Вера Ванг

На фотографиите може да се види луксузниот дом на Ванг уреден во модерен минималистички стил, во кој таа вели дека може да се оддалечи од реалноста и целосно да се релаксира.

Домот на Вера Ванг Домот на Вера Ванг Домот на Вера Ванг Вера Ванг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.