Стела Бандерас блесна на свеченост во Мадрид. На забава огранизирана од брендот за накит Rabat, 27-годишната девојка изгледаше како холивудска ѕвезда.
Убавата ќерка на Антонио Бандерас и Мелани Грифит носеше црн кадифен фустан со паднати прерамки и длабоко деколте од Ролан Муре. Својот изглед, таа до надополни со елегантна фризура и нежен накит.
Стела ѝ е полусестра на Дакота Џонсон. Тие се ќерки на Мелани Грифит од различни партнери.