Вeнити Вондер не е само обична жена која посакува малку поголем задник, туку таа е 30-годишна мајка која идејата да поседува поголем задник ја однела во крајност. Американката со необична фигура на телото потрошила 15.000 долари на нелегални инјекции за задникот и колковите со цел да добие огромен задник.
Мајката на две деца сега реши јавно да ја раскаже својата приказна, па во книгата „Shot Girls“ опишува како станала зависник од силиконски инјекции и разјаснува некои од погрешните верувања за „тајниот“ свет на нелегално зголемување на задникот. Таа признава и дека била асистентка на уличен „вбризгувач“ и дека за малку ќе завршела в затвор. Нејзини клиентки биле најразлични девојки, меѓу кои најмладата имала само 17 години, а била донесена да ѝ ставаат инјекции од својата мајка, додека постарите имале и околу 70 години.
Вeнити тврди дека многу девојки не одат на пластичен хирург за поголем задник затоа што операцијата чини многу пари, па го ризикуваат својот живот дозволувајќи да им бидат ставани сомнителни нелегални инјекции.
„Луѓето го искористуваат тоа. Наместо да плаќаат по 14.000 долари на доктор, некој на улиците има создадено начин жените да добијат задник за пониска цена“ – изјавила таа.
„Јас започнав во 2006 година, тогаш сè беше тајно. Мораше добро да бараш за да најдеш такво нешто. Сега, секој на улица ќе ти вбризга што било што ќе најде“ – објаснила Венити и дополнила дека и самата не знаела што ѝ ставаат првите неколку пати.
Иако нејзината книга служи како предупредување, сè уште многу жени ја прашуваат од каде можат да набават инјекции за да си го зголемат задникот. Но, Венити тврди дека се оддалечила од тој „бизнис“ за да не заврши в затвор.
„Жените сè уште ме молат: Те молам кажи ми од каде да најдам! Поради тоа и умираат. Жедни се за тоа, па одат кај кого било“ – објаснила таа.
И покрај сè, Венити вели дека е задоволна од изгледот на своето тело. „Не дека се чувствувам среќна, но кога ќе се погледнам во огледало, го сакам тоа што сум. Не отидов в затвор, ги имам своите раце и нозе. Не умрев поради глупоста што ја направив. Претпоставувам дека се чувствувам среќна. Многу сум благодарна што сум тука, целосна и да им кажам на луѓето да прекинат да се движат по овој пат затоа што некој ќе умре“ – рекла таа за Mail Online.